Октоберфест е во тек, место за добра забава и големи количини пиво. Хајди Клум не ја пропушти можноста да ги покаже своите атрибути во традиционалната баварска носија, а нејзините фотографии станаа вистинска сензација на мрежите.
Таа додаде венец од црвени рози во својот стајлинг, а за да го заокружи своето „црвено“ издание, се одлучи за ефективна шминка и, секако, црвен кармин.
Според медиумските извештаи, целото семејство на Хајди, како и блиските пријатели, се собраа за овој настан, а познатата манекенка од 90-тите повторно уживаше во добра забава и музика.
фото: принтскрин