Актерката Весна Петрушевска е годинашна лауреатка на Меѓународниот фестивал „Денови на комедија“ во Куманово, а наградата „Васил Иљоски“ и беше врачена во Центарот за култура „Трајко Пропопкоев“.
„Наградата ја посветувам на мајка ми која вечерва е со нас. Таа е мој најголем поддржувач и најголем критичар. Мамо, те сакам, ова е за тебе“, изјави Петрушевска со силни емоции пред публиката.
Фестивалот беше отворен со претставата „Госпоѓа министерка“ од Бранислав Нушиќ, во изведба на Велешкиот театар. На програмата следуваат и претстави од Македонија и регионот, а ќе бидат доделени награди за најдобра претстава, актерски остварувања и сценска уметност.
Традиционалниот фестивал годинава се одржува по 28 пат и е една од најпосетените културни манифестации во Куманово.
📌 Извор: KumanovoNews