Запленети фалсификувани Лабубу: Содржеле токсини

Британската царина заплени фалсификувани играчки во вредност од повеќе од 3,5 милиони фунти, соопшти денес Канцеларијата за интелектуална сопственост (IPO) на земјата.

Од запленетите 259.000 играчки, 90 проценти биле копии од популарните кинески кукли Лабубу, кои станаа глобален хит оваа година благодарение на социјалните медиуми, објави Sky News.

Меѓу ризиците се задушување, присуство на токсични хемикалии и неисправни делови.

„Сериозни опасности за децата често се кријат зад атрактивно пакување“, предупреди Хелен Барнам од IPO.

Порано овој месец, 100 лажни кукли Лабубу беа пронајдени во две продавници во западен Лондон, кои беа оценети како потенцијално смртоносни поради делови што би можеле да предизвикаат задушување.

Огромното мнозинство од купувачите, 92 проценти, се свесни дека на пазарот има фалсификувани играчки, но истражувањата на IPO покажуваат дека цената често им е поважна од безбедноста.

Седум од десет родители рекле дека пониската цена е нивниот најважен критериум, додека само 27 проценти ја навеле безбедноста како приоритет.

Scroll to Top