(Фото) Кога Амал Клуни го носи најкраткиот фустан, Џорџ не ја пушта од рака

Познатиот холивудски пар Џорџ и Амал Клуни пристигнаа на Филмскиот фестивал во Њујорк за премиерата на неговиот нов филм „Џеј Кели“.

И сите се согласуваат дека ова е едно од најдобрите изданија на Амал Клуни. Таа блескаше толку силно што го остави и познатиот заводник и неговиот филм во сенка.

Не е без причина што Амал е главна ѕвезда на секој црвен тепих. Овој пат, убавата бринета блескаше во краток фустан од Оскар де ла Рента, кој чини околу 12.500 долари.

Станува збор за кадифена креација во бордо боја, со луксузни тродимензионални цвеќиња на долниот дел. Златни чевли и спектакуларен накит надополнија сè, а Амал не ја симна насмевката од лицето.

Клуни не заостануваше далеку зад својата сакана, но не успеа да ја засени. За својата премиера, тој избра тегет одело и бела кошула, без вратоврска.

Двајцата трпеливо позираа за фотографите цело време и му покажаа на целиот свет дека сè уште се сакаат исто толку колку што се сакаа првиот ден.

Претходно оваа година имаше информации дека тие минуваат низ брачна криза, но овие извештаи се покажаа како лажни, или двојката успеала да ги надмине проблемите.

фото: принтскрин

Scroll to Top