(Фото) Поранешни сопружници фатени на дело? Нивната љубов можеби заслужува трета шанса

Премиерата на филмот „Kiss of the Spider Woman“ се одржа во Њујорк, каде што Џенифер Лопез и Бен Афлек работеа заедно.

Тие изненадија многумина позирајќи заедно за фотографите, но и потсетија на некои стари времиња. Поранешните сопружници покажаа дека останале во пријателски односи и дека сè е во ред меѓу нив.

Двајцата не ги криеја своите насмевки, но и покрај желбите на нивните обожаватели, сè остана само на пријателска основа.

Во еден момент, Џеј Ло им се заблагодари на сите, особено на Бен.

„Ви благодарам на сите што сте тука вечерва. Ти благодарам Бен, овој филм немаше да биде направен без тебе“, рече латино дивата.

За оваа пригода, Џеј Ло избра драматична креација со цветни мотиви, но и тродимензионален детаљ што оди околу половината и главата.

Од друга страна, Афлек беше во едноставно темно сино одело и бела кошула и стоеше до неговата поранешна сопруга насмевнувајќи се цело време.

За потсетување, двајцата првпат почнаа да се забавуваат во 2002 година, но раскинаа во 2004 година. Тие ѝ дадоа втора шанса на љубовта во 2021 година, а потоа завршија со сè минатата година поради непомирливи разлики.

фото: принтскрин

Scroll to Top