Латино дивата Џенифер Лопез нè потсети зошто ги сакаме нејзините смели модни избори, но и зошто со децении се смета за една од најголемите модни икони и најстилски дами на светската јавна сцена.
Во спектакуларен моден аутфит, таа се појави на снимањето на емисијата „Во живо со Кели и Марк“ и веднаш стана центар на вниманието на сите медиуми, а нејзиниот моден избор за оваа пригода испрати порака, по којзнае кој пат, дека е полна со самодоверба и дека навистина е меѓу дамите кои знаат да презентираат необични креации.
Елегантна, жива, дамска, достоинствена, гламурозна, шик… Сето ова ја прави оваа комбинација доминантна, а Џеј Ло вистинска дама со стил.
Познатата пејачка, танчерка и актерка се одлучи за впечатливо миди здолниште со висок струк со заводлив шлиц на задната страна, бела блуза со долги ракави и широк крој со јака и црни елегантни чевли со вртоглава потпетица, кои ги искомбинираше со црна шапка и црни очила за сонце.
За да додаде малку повеќе живост на оваа волшебна комбинација, таа носеше црвена чанта во раката која идеално одговараше на божественото рачно изработено здолниште.
Ја врза косата во ниска опашка и лежерно ги исфрли шишките кои го врамуваа нејзиното лице под шапката, а покрај тоа што весело позираше за собраните фотографи и го привлече вниманието на минувачите во Њујорк, таа обрна внимание и на собраните обожаватели.
фото: принтскрин