Ќерката на Чарли Шин објави фотографија „пред и потоа“: „Фала му на Бога за пластичната хирургија“

Семи Шин ја покажа разликата во својот физички изглед на социјалните мрежи пред седум години и сега, и отворено проговори за тоа што променила кај себе.

Семи Шин, ќерка на познатата двојка Дениз Ричардс и Чарли Шин, која неодамна откри дека спиела со дури 47.000 жени, отворено проговори за својот изглед и покажа на социјалните мрежи како изгледала порано и како изгледа сега.

21-годишната девојка ја објави фотографијата „пред и потоа“ на социјалните мрежи, и привлече големо внимание од јавноста.

„Разлика од 7 години. Фала му на Бога за екстензиите за коса, филерите за усни, зголемувањето на градите, операцијата на носот, забните коронки“, напиша таа во описот на фотографијата.

Имаше такви што ја протолкуваа нејзината објава како охрабрување на луѓето да се подложат на естетска хирургија, па таа одговори дека тоа не е нејзина цел.

„Мојата цел со оваа објава беше да бидам транспарентна за тоа што сум си направила себеси, бидејќи луѓето ме прашуваат тоа постојано, а последното нешто што сакам да го направам е да лажам. Никогаш не ми е намера да промовирам пластична хирургија. Мислам дека природните тела се многу, многу убави“, напиша Семи.

Семи Шин е корисник на платформата OnlyFans и ова не е првпат отворено да зборува за тоа што променила на своето тело, а нејзината најголема желба беше да направи операција на носот, што на крајот го направи.

Scroll to Top