Холивудската ѕвезда Никол Кидман неодамна ги изненади сите со промена на фризурата, а многумина го протолкуваа овој потег како „одмазда“, со оглед на тоа што таа штотуку се разведе од сопругот Кит Урбан, со кого беше во брак 19 години. Овој развод го шокираше светот, а актерката зборуваше за сè во ново интервју за „Вог“.
Во последно време, таа воодушевува и со своите модни стајлинзи и со својот попровокативен имиџ, па објасни што претставува модата за неа во овој период од нејзиниот живот.
„Понекогаш е оклоп. Понекогаш е разиграна, понекогаш е секси. Само зависи од расположението. Понекогаш е андрогина“, вели Никол Кидман.
Таа претходно призна дека модата отсекогаш ја привлекувала и дека не се плаши од смелоста потребна за носење одредени парчиња. Како што вели, таа ја гледа модата како „паралелен уметнички живот“ и како љубов кон презентирање на тоа уметничко дело на вистински начин.
Таа неодамна се појави на Неделата на модата во Париз со ќерките од поранешниот сопруг, а стана и амбасадор на луксузната модна куќа Шанел. „Како некој што толку многу ја цени високата мода, многу сум возбудена што ќе бидам сведок на нивната визија“, рече таа во соопштението.
Никол Кидман даде големо интервју во август, а веста за разводот беше објавена кон крајот на септември. Новинарот Вендел Стивенсон забележа дека за време на разговорот со актерката почувствувал „проблеми во рајот“.
„Кога ја прашав како се чувствува сега, во своите 50-ти години, очекував да слушнам убав, банален одговор за мудроста на тоа време. Наместо тоа, таа беше иронична, тажна, несигурна во себе“, напиша тој. „Колку пати мора да научиш да мислиш дека знаеш каде оди твојот живот, а потоа не оди така?“, ја кажа оваа реченица Никол во тоа време, како што открива новинарот.
фото: принтскрин