Џенифер Лопез речиси никогаш не разочарала со своите модни избори во својата богата и успешна кариера, па затоа не е ни чудо што таа ги диктира модните трендови и ја носи титулата дама со стил. Се чини дека таа е сè поуспешна во ова, а неодамна многумина ја споредија со Меланија Трамп поради нејзиниот стил.
Таа веќе ги прошета панталоните кои, се чини, ќе бидат насекаде околу нас. Остануваме верни на широките модели и ги ставаме тесните во плакарите некое време, а Џенифер Лопез ни покажа како да ги комбинираме.
За неодамнешното гостување во Today Show, таа избра фантастична комбинација од кафеава кожна јакна и лелеави, плисирани широки панталони.
Високиот струк кој сè уште останува на модната сцена ја издолжи нејзината фигура, а носеше и високи платформи, што дополнително создаде илузија за долги ногавици.
Овој модел на панталони, освен што е удобен и отворен за бројни комбинации, го воздигнува секој стил и е вистинско време за шопинг ако веќе немате слични во вашата есенска колекција.
фото: принтскрин