Роберт Де Ниро и Ал Пачино, две живи легенди на киното, за прв пат ги здружија силите во кампања за модната куќа Монклер наречена „Warmer Together“.
Брендот ја промовира идејата дека „топлината не доаѓа само од облеката, туку и од човечката поврзаност“, а овие две холивудски личности се вистински пример за тој слоган.
„Со децении, Монклер е синоним за јакни со пердуви и зима, но секогаш сакав брендот да претставува нешто подлабоко“, рече претседателот и извршен директор на компанијата, Ремо Руфини.
Фотографот Платон беше задолжен за овие неверојатни црно-бели снимки, како и за кратките видеа во кои Де Ниро и Пачино зборуваат за пријателство, доверба и почит.
„Пријателството е најдоброто нешто што може да го имате. Пријателите се луѓе со кои го делите истиот свет. Меѓу вас постои вродена доверба и разбирање за животот“, коментираше Пачино, а потоа Де Ниро додаде:
„Топлината никогаш не доаѓа однадвор, таа е емоција во нас“, рече тој.
фото: принтскрин