Познатата млада актерка Сидни Свини повторно шармираше со својот изглед, овој пат на гала вечер во Лос Анџелес. Иако изминатиот период беше во центарот на вниманието поради своето ново момче, Сидни сепак знае како да провоцира со провокативни фустани.
На гала вечерта, таа се појави во црн кадифен фустан кој прекрстуваше преку градите, создавајќи деколте, а имаше ефектна машна околу вратот, додавајќи допир на заводливост, но и провокација.
Ја стилизираше косата во пунџа, а остави неколку прамени на страна, со што го врами своето лице. Сидни цело време позираше за фотографите, насмеана, не грижејќи се за коментарите дека поради новата врска полека, но сигурно станува една од најомразените личности во Холивуд.
Споменатата гала вечер беше посветена на оддавање почит на познати личности како Брус Спрингстин и Пенелопе Круз.
фото: принтскрин