„Епл“ ќе ја пренесува „Формула 1“ ексклузивно во САД со договор вреден 750 милиони долари

Американската компанија „Епл“ потпиша историски петгодишен договор вреден околу 750 милиони долари за ексклузивно пренесување на Формула 1 во САД.

Од сезоната 2026, „Епл ТВ“ ќе биде единствената платформа за следење на сите трки, квалификации и тренинзи. Според „Хајпбист“, овој потег следи по огромниот успех на филмот „F1: The Movie“, најпрофитабилниот спортски филм во историјата.

Содржината на Формула 1, вклучувајќи ги и функциите на „Ф1 ТВ Премиум“, ќе биде достапна во рамките на стандардната претплата на „Епл ТВ“, без дополнителни трошоци.

„Епл“ планира да ги интегрира F1-содржините низ целиот свој систем, со цел да привлече помлада и технолошки свесна публика.

Текстот „Епл“ ќе ја пренесува „Формула 1“ ексклузивно во САД со договор вреден 750 милиони долари е превземен од МАКФАКС.

Scroll to Top