Хејли Бибер е позната по својата посветеност на модата, а тоа го докажа уште еднаш на гала вечерта во Музејот на Академијата минатиот викенд. Моделот блесна во креација од Schiaparelli Couture со корсет на синиот тепих.
Но, штом влезе внатре, сфати дека овој гламурозен изглед ќе ја чини удобност.
Предизвикот да седи во креација од висока мода
Иако Хејли изгледаше беспрекорно стоејќи, седењето се покажа како вистински предизвик. Поради екстремно тесниот корсет, фустанот воопшто не беше флексибилен, па моделот ја помина вечерта во необична, лежечка положба.
Основачот на брендот Rhode подоцна сподели серија фотографии од настанот на Инстаграм, а на една од нив може да се види како се потпира на седиште за време на вечерата, очигледно не можејќи да седи исправено на масата, што насмеа многумина.
Оваа впечатлива креација беше изработена од кафеаво свилено моаре, со градник во форма на конус и висок шлиц. Половината беше стегната со корсет во боја на месо што создаваше драматична силуета на песочен часовник. Интересно е што овој модел ја затвори ревијата на висока мода на Скијапарели за пролет 2025 во јануари, а фустанот беше направен од винтиџ панделки.
Патем, Хејли не беше единствената ѕвезда што ја жртвуваше удобноста за модата таа вечер – ѝ се придружи и Ким Кардашијан, која се појави носејќи маска за лице од Марџиела Кутјур.
Фото: принтскрин