Клое Кардашијан откри детали од интимниот живот, сите ги насмеа нејзината изјава за креветот

Ѕвездата на реалното шоу „Кардашијанс“,Kлое Кардашијан сподели изненадувачки искрени информации за нејзиниот сексуален живот – или поточно, за недостатокот од него.

Исповедта дојде за време на разговор со сестрата Кортни Кардашијан и пријателот Сајмон Хак во премиерната епизода од новата сезона на нивната серија, а темата беше покрената по дискусијата за новиот производ на Кортни, бомбони за либидо пишува „Е! њуз“.

„Немам секс повеќе од три години“, призна Клое, поттикнувајќи го Сајмон на шега да предложи: „Оваа гумена бомбона е совршена за тебе, дали сакаш да бидеш во реклама?“

Клое ја прифати шегата и одговори: „О, одлично. Да, ќе бидам.“

Нејзината сестра Кортни верува дека за Клое, која има две деца со поранешниот партнер Тристан Томпсон, Тру и Тејтум, ова е идеално време да се посвети на себе.

Но, Сајмон не се откажа и ја праша Клое дали навистина има некој „на нејзиниот список“. „Не“, потврди таа. „Не испраќам пораки до никого, немам ничиј телефонски број, можам да го оставам мобилниот телефон до вас“.

Кога Сајмон ја праша каде одат нејзините голи фотографии, Клое одговори дека нема дестинација за нив, додавајќи: „Немам никакви голи фотографии, какви голи фотографии?“

Претходно оваа година, 41-годишната реалити ѕвезда потврди дека целосно се откажала од излегувањата и е среќна сама. „Видов на Инстаграм дека некој се оженил со Ајфеловата кула, храна, мобилен телефон и нешто друго“, се пошегува Клое во една од претходните епизоди. „Значи, тоа би можела да бидам јас за неколку години, да се мажам за нешто како мојот кревет.“

„Тоа би било убаво“, продолжи таа. „Се мажам за мојот кревет. Знам кај кого се враќам дома секоја вечер. Знам дека тој ќе биде тука за мене кога сакам. И ќе ме гушка кога сакам. И нема да се жали.“

Scroll to Top