Крис Мартин во врска со ѕвездата од „Игра на тронови“, а само што ја заврши осумгодишната врска

Вестите за познатите личности брзо се шират, а според најновите информации, светот доби уште еден љубовен пар. Актерката Софи Тарнер и фронтменот на „Колдплеј“, Крис Мартин, наводно се забавуваат.

Според „Дејли меил“, Софи Тарнер и Крис Мартин веќе биле на „тајна средба“ откако актерката конечно раскинала со британскиот аристократ Перегрин Пирсон.

Според понатамошните написи на „Дејли меил“, Софи и Пирсон веќе некое време имале турбулентна врска, а средината на септември била клучна за нив.

Според извор за гореспоменатиот медиум, раскинувањето се случило по свадбата на која присуствувале. Парот наводно се расправал цело време, и тоа бил поводот.

За да биде поинтересно, Крис Мартин релативно неодамна ја завршил и својата осумгодишна врска со актерката Дакота Џонсон.

„Ова е конечното раскинување на нивната врска“, изјавил извор за списанието „Пипл“.

Ниту актерката ниту музичарот сè уште не ги коментирале овие наводи…

фото: принтскрин

Scroll to Top