Длабокото деколте за малку ќе направеше проблем: таа успеа навреме да спречи скандал…

Најголемите имиња во модната и филмската индустрија ги здружија силите за шоуто Vogue: World. Бројни познати лица, како што се Кендал Џенер, Никол Кидман, Џулија Гарнер и многу други, ја презедоа модната писта.

Откако првиот дел од спектаклот заврши во студиото на Paramount Pictures во Лос Анџелес, ѕвездите ја продолжија вечерната забава во познатиот Chateau Marmont.

Меѓу гостите беше и млада ѕвезда во подем. Станува збор за ќерката на легендарната манекенка Кејт Мос – Лили Мос, која блесна не само на модната писта за време на шоуто Vogue: World, туку и за време на вечерниот настан.

За специјалната вечер таа носеше црн сатенски фустан кој го надополни со кожни чизми. Впечатливо беше и длабокото деколте, што речиси и предизвика проблем на оваа русокоса.

За среќа, таа успеа навреме да спречи скандал, и го држеше материјалот.

Својот стил го комплетираше со брановидна фризура што паѓаше по градите, но и со шминка во земјени тонови што само малку го нагласуваше нејзиното младо лице.

фото: принтскрин

Scroll to Top