Пејачката Бијонсе е често активна на социјалните мрежи, каде што редовно „качува“ фотографии и од професионалниот и од приватниот живот, а се чини дека една, навидум, едноставна семејна фотографија предизвика вистинска конфузија кај нејзините обожаватели.
Имено, поп дивата објави фотографија од нејзината ќерка Блу Ајви Картер и нејзината мајка Тина Нолс на Инстаграм. Поточно, станува збор за селфи што Блу Ајви го направила за време на гламурозната церемонија „Angel Ball“ во Њујорк.
Таа носеше елегантен фустан во пудра розова боја, додека нејзината баба блескаше во софистицирана тоалета со ракавици од тил. Сепак, најголемо внимание не привлекоа облеките, туку неверојатната сличност што Блу Ајви ја дели со нејзината мајка Бијонсе.
И токму таму се појави конфузијата кај корисниците на Инстаграм, бидејќи многумина мислеа дека фотографијата е од самата Бијонсе, а не од нејзината ќерка.
„Мислев дека ова си ти (мисли на Бијонсе)“, „Блу Ајви е истата Бијонсе“, напишаа некои, а имаше и такви обожаватели кои се шегуваа на неа.
„Таа веќе ја праќа ќерка си да присуствува на настани наместо себе. Одлично“, пишуваше во еден коментар.
фото: принтскрин






