(Фото) Мајката и ќерката измамија воздишки на црвениот тепих

Познатата манекенка Синди Крафорд и нејзината ќерка Каја Гербер се појавија заедно на галата LACMA Art+Film, престижен настан што се одржува во Лос Анџелес, кој традиционално ги собира сите најголеми светски ѕвезди.

Славните убавици блескаа во креации од модната куќа Гучи, а за нивната убавина може да се зборува со денови без престан.

Синди избра златен фустан покриен со светки и реси во златна боја. Спуштените прерамки ја нагласуваа женственоста, но и деколтето кое беше во преден план. Познатата манекенка сè надополни со црни салонки и препознатлива брановидна коса.

Каја Гербер, исто така, изненади. Мајката и ќерката буквално ги оставија сите без здив, и дури сега сите сфатија колку всушност си личат една на друга.

Каја избра огнено црвен фустан за овој настан што ја следи линијата на телото и има малку подлабоко деколте. Нејзината креација беше исто така целосно покриена со светки, а исто како и нејзината позната мајка, Каја се одлучи за црни салонки и брановидна коса.

Синди Крофорд е дел од златната генерација модели кои одамна го освоија светот, а Каја е очигледно нејзина достојна наследничка, чија убавина повторно ги остави сите без зборови.

фото: принтскрин

Scroll to Top