Фронтменот на „Кодплеј“, Крис Мартин, наводно продолжил понатаму во љубовта, по раскинувањето со актерката Дакота Џонсон, со која беше свршен. Се шпекулира дека сега излегува со нејзината колешка, актерката Софи Тарнер, ѕвездата од „Игра на тронови“, со која наводно бил на неколку состаноци, а сега се појавија и некои нови информации.
„Тие биле неколку пати на состаноци во Лондон. Сè е сè уште ново, но меѓу нив има одлична хемија и дефинитивно има искра меѓу нив. Имаат многу заедничко, а Крис е дефинитивно нејзин тип на маж“, изјавил извор за „Ју-Ес Викли“.
Двајцата се запознале пред неколку години, „патем“.
„Се зближиле поради тоа што се Британци, како и нивната љубов кон музиката“, тврди изворот. Тој исто така рекол дека се запознале преку заеднички пријатели, додека актерката сè уште била во брак со Џо Џонас, со кого има две деца и од кого официјално се развела во септември 2024 година, една година откако се разделиле.
„Сè меѓу нив отсекогаш било пријателско. Софи отсекогаш го почитувала Крис и била голем негов обожавател, како и на неговата музика, дури и пред да го запознае. Таа знаеше и да се шегува дека има симпатии кон него, па затоа е смешно и изгледа нереално што тие навистина се поврзале на романтичен начин во реалниот живот“, вели изворот.

Додека Софи зад себе има брак и две деца, Крис Мартин ја заврши врската со Дакота Џонсон оваа година, со која помина речиси осум години, а претходно беше во брак со Гвинет Палтроу, со која има две деца.
фото: принтскрин






