Меган Маркл се враќа на глумата по осум години пауза

Меган Маркл се враќа на глумата по осумгодишна пауза, во нов холивудски филм каде што ќе се игра себеси. Војвотката од Сасекс ќе се придружи на екипата во која се Лили Колинс, Бри Ларсон и Џек Квејд во комедијата наречена „Close Personal Friends“, која ја следи приказната за два пара – еден познат и еден непознат.

Меган веќе е видена на снимањето во Пасадена, Лос Анџелес, а продукцијата е потпишана од Amazon MGM Studios, пишува Дејли Меил.

Извор близок до продукцијата изјави за The Sun: „Ова е огромен момент за Меган и означува враќање кон она што таа навистина го сака“. Тој додаде дека таа била „преплавена со понуди, но оваа се чувствувала како исправна“.

Принцот Хари, се разбира, целосно ја поддржува.

„Тој само сака Меган да го прави она што ја прави среќна“, заклучи изворот.

Меган е најпозната на публиката по улогата на Рејчел Зејн во популарната американска драма „Suits“, во која глумеше седум сезони, од 2011 до 2018 година. Таа имаше и помали улоги во неколку холивудски филмови.

Таа ја напушти актерската кариера за да стане активен член на кралското семејство, улога од која таа и принцот Хари се откажаа во 2020 година и се преселија во Соединетите Држави.

Војвотката претходно зборуваше за тешкотиите со кои се соочила на почетокот на својата кариера, тврдејќи дека се мачела да добие улоги поради нејзината раса и дека режисерите често ја одбивале, што „многу ѝ ја оштетило самодовербата“. Сепак, се чини дека ѝ недостигала глумата, како што самата призна во неодамнешен подкаст.

фото: принтскрин

Scroll to Top