Американската тенисерка Серена Вилијамс ја доби престижната награда „Giving Tree Award“ на овогодинешната гала „Baby2Baby“ во Западен Холивуд.
Наградата се доделува секоја година на жени кои помагаат во подобрувањето на животот на децата со посебни потреби, а Вилијамс особено го заслужи ова признание за нејзината работа во областа на здравјето на жените, со силен акцент на грижата за мајките со црна кожа.

Мајката на две деца и освојувачка на 23 гренд слем титули е и најуспешната тенисерка во опен ерата и најодликуваната играчка во историјата на WTA.
Покрај сето погоре наведено, Серена Вилијамс е и убава жена која не само што носи спортска облека, туку и вечерни фустани во кои се чувствува исклучително удобно.

Во последните месеци имавме можност да ја видиме во волшебни изданија во кои сè повеќе привлекува внимание, а нејзиното слабеење придонесе за ова, па многумина коментираат дека изгледа подобро од кога било.
Можеби го напушти рекетот на теренот, но во вториот дел од нејзиниот живот женственоста и елеганцијата се во преден план, а „новиот изглед“ е хит кога е во прашање Серена.
фото: принтскрин






