(Фото) Се породи 13 дена по модната ревија: „Ангелот на Викторија“ стана мајка по втор пат

Моделот Џасмин Тукс влезе во историјата кога неодамна ја отвори популарната ревија на Викторија Сикрет во Њујорк и стана првата бремена жена што прошета по пистата за престижниот бренд.

Таа на својот Инстаграм профил откри дека само тринаесет дена по ова спектакуларно појавување како ангел на Викторија Сикрет, родила дете! Таа и сопругот Хуан Давид Бореро станаа родители по втор пат, а момчето пристигна на свет кон крајот на октомври.

Двојката ја објави среќната вест само пред неколку дена, кога двајцата објавија црно-бела фотографија на своите профили на која позираат со нивниот новороден син и двегодишната ќерка.

„Најголемиот благослов. Матео Ира Бореро, 28.10.25“, напишаа тие во заедничка објава.

Појавувањето на популарната манекенка на модната ревија на Викторија Сикрет беше под знак прашање, бидејќи се претпоставуваше дека нема да прошета како „ангел“ оваа година поради бременоста, но таа ги изненади сите кога ја отвори модната ревија.

фото: принтскрин

Scroll to Top