(Фото) Жената со најсовршеното тело на светот по 20 години проговори за раскинувањето со холивудски заводник

Моделот, актерката и поранешната водителка Кели Брук, која своевремено беше нарекувана жената со најсовршено тело на светот, некогаш беше во врска со холивудскиот актер Џејсон Статам, а дури сега проговори за причините за нивното раскинување.

Таа објасни во подкастот „How to Fail with Elizabeth Day“ дека раскинувањето се случило затоа што Џејсон „не бил тука за неа“ како што таа била за него, и дека врската не се развила онака како што таа сакала.

„Во минатото, бев тип на личност која сакаше да им угоди на сите, секогаш сакав да бидам достапна за сите и не се ставав себеси на прво место. Тоа не ми направи ништо добро. Како што стареев, станував посебична“, призна Кели, но додаде дека сега живее поисполнет живот поради тоа.

Таа беше во врска со Статам седум години и призна дека во тоа време ја ставила својата кариера на второ место заради него.

„Имав добра работа на MTV, водев дневна емисија, но кога Џејсон почна да ги добива првите понуди за глума, реков – ајде да одиме во Америка, ова е нашата голема шанса. Оставив сè и отидов со него“, рекла таа. Тогаш за нив започна нов живот, но се појавија проблеми што не можеа да ги надминат.

„Неговата кариера експлодираше, а мојата запре. Бев на линијата Лондон-Лос Анџелес, беше скапо и тешко. Се трудев толку многу за него што на крајот сфатив дека се чувствувам целосно запоставена. Во еден момент, едноставно… престанав да го сакам“, искрена била Кели Брук, според Дејли Меил.

Раскинувањето беше неизбежно, но Кели признава дека беше многу болно за неа.

„Ми рече: ‘Зошто си заминуваш сега? Погледни ме, јас сум успешен и богат’. А јас му реков: ‘Да, но ти веќе не знаеш која сум. Ја знаеш девојката што остави сè за тебе, но не ја знаеш жената во која станав’. Тоа беше тешка одлука, но најдобрата што некогаш сум ја донела“, вели таа.

По раскинувањето, Џејсон Статам влезе во врска со моделот Роузи Хантингтон-Вајтли, со која е сè уште во брак и имаат две деца.

Кели е во брак со Џереми Париси од 2022 година и немаат деца, а за својата одлука и причините зошто не станала мајка зборуваше на почетокот на годината.

фото: принтскрин

Scroll to Top