Болниот развод остави последици: „Веќе не ми требаат забави и пријатели“

Австралиската актерка Ајла Фишер се разведе по 14 години брак со Саша Барон Коен, а сега конечно призна колку тешко ѝ било во тој период.

Како што самата рече, морала да го започне животот „од нула“, а во интервју за ELLE Decoration откри неколку претходно непознати детали.

„Беше многу предизвикувачки да се обидам да создадам нов живот од темел, барем емотивно, беше исцрпувачки, но сум благодарна. Уживам во оваа нова верзија на животот. Повеќе не ми требаат забави или друштво дома. Среќна сум кога палам свеќи, ја полнам кадата, го вклучувам Netflix, уживам во тишината. Тоа е највозбудливото нешто за мене сега“, рече таа.

Сепак, не можеше да биде целосно рамнодушна кога пристигна новиот мебел за станот во кој се всели.

„Малку се расплакав затоа што тоа беше прв пат да се вселам во свој стан како независна жена“, вели Ајла.

Ајла Фишер и Саша Барон Коен ја завршија својата врска минатата година по повеќе од 20 години брак. И покрај сè, тие се согласија заедно да се грижат за своите деца, кои им се најважното нешто во сето ова.

„По долг тениски натпревар што траеше повеќе од 20 години, конечно ги спуштаме рекетите“, ја објавија тогаш веста за нивниот развод.

фото: принтскрин

Scroll to Top