Членка на жирито oбјави фотографија од Мис Тајланд со порака: „Мојата победничка!“

Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.

Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lambepageantz (@lambepageantz)

Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“,  објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

Scroll to Top