Хумористичната серија „Чаршија“ ја освојува дигиталната публика

Хумористична серија „Чаршија“ веќе ја освојува дигиталната публика – оваа недела излегува 15-та епизода.

„Чаршија“ е нова хумористична серија инспирирана од животот, ликовите и духот на Старата скопска чаршија. Чаршија не е само серија, туку жив организам. „Тука се преплетуваат култури, јазици и генерации – и сите се разбираат“ – вели Сибел Абдиу, креатор и режисер на серијата. Оваа недела излегува 15-та епизода од 36-те епизоди превдивени за оваа сезона.

Форматот е составен од кратки епизоди од 3–5 минути, наменети за дигитални платформи, снимани директно во срцето на Чаршијата во студио изградено во самиот нејзин центар. Преку хумор и човечки приказни, „Чаршија“ ја прикажува мултикултурноста, занаетчиството и урбаните менталитети кои живеат едни покрај други во овој најстар и најавтентичен дел од градот.

Во серијата настапуваат познати актери и актерки, како:

Борче Начев, во улога на Ристо берберот
Жаклина Петровска, во улога на покојната сопруга на Ристо
Селпин Керим, во улога на Конфучиј – филозофот на Чаршијата
Сузан Акбелге, во улога на Севим слаткарката
Хамди Рашити, во улога на Куштрим бурекчијата
Џенап Самет, во улога на Насер слаткарот
Адриан Азири, во улога на Министерот за образование
Ванеса Петровци, во улога на Венера активистката
Јеткин Сезаир во улога на Омер
Дин Ибрахим во улогата Беркан
Стефан Николовски, во улога на Миладин ковачот
Беркан Ахмет, во улога на Арџенд златарот
Сон Бејта во улога на Артан златарот
Рајмонда Ахметај, во улога на Дрита професорката
Бену Шахин, во улога на Ера инфлуенсерката
Милена Блажевска, во улогата на Тања – ќерка на берберот Ристо
Бурханеттин Ибрахим во улога на Ферус забарот
Oja Самет, во улога на Амина
Гоце Андонов, во улога на чиракот Марко
Дарја Ризова, во улога на Пејачка
Александар Михајловски, во улога на Оџа
Аксел Мехмед, во улога на Поп
Теона Сима, во улога на туристички водич
Никола Мишковски, во улога на Готвач
И многу други.

 

Scroll to Top