Скопје подготви се! Jala Brat и Buba Corelli подготвија специјално изненадување за фановите во петок и сабота

Jala Brat и Buba Corelli на 28 и 29 ноември во Арената „Јане Сандански“ ја започнуваат европската турнеја GOAT Tour, а токму македонските фанови ја имаат честа први да го искусат специјалното изненадување што дуото го воведува токму на овие концерти – да ги запознаат суперѕвездите во backstage искуство по концертот! Само за одбрани!

Станува збор за ексклузивен концепт осмислен специјално за оваа турнеја, кој досега не бил реализиран на нашата регионална музичка сцена.

Членови од нивниот тим ќе ја обиколуваат салата пред почетокот на секој настап, во потрага по фанови кои се издвојуваат по енергија, жар и посветеност. Одбраните по концертот ќе бидат спроведени во backstage, каде што ги очекува директна средба со Jala и Buba и специјално подготвени подароци — момент наменет за оние што со години најсилно ја носат нивната музика.

– Поздрав екипо. Имаме посебно изненадување за вас на сите концерти од GOAT турнејата! Бидејќи првпат приредуваме ваков голем спектакл, решивме да ве запознаеме face to face. Значи, пред почетокот на секој концерт членови од нашиот тим ќе ја обиколуваат салата во потрага по најлудите, најсилните и најжестоките фанови. Тие лично ќе ги одберат и ќе ги спроведат во backstage по секој концерт за да се запознаат со нас, а подготвивме и некои подароци. Така што, се гледаме во Скопје на 28 и 29 ноември, а се гледаме и во backstage. Се радуваме! — порачуваат Jala и Buba преку Инстаграм.

Турнејата под назив GOAT TOUR, која ја претставува платформата Music Week, а продукциски и организациски ја потпишува SKYMUSIC, ќе опфати повеќе од десет европски градови. По Скопје, следуваат концерти во Штутгарт на 13 декември, Цирих на 21 март, а потврдено е и шоу и во Загреб на 9 мај.

Scroll to Top