На доделувањето на „Fashion“ наградите присуствуваа многу познати личности, меѓу кои и прекрасната актерка Сиена Милер, која неочекувано откри дека е бремена. Престижниот настан не можеше да помине без пејачката Рита Ора, која веднаш привлече внимание.
За посебната вечер, таа одлучи да облече тесна тоалета во металик сива боја, украсена со длабоко деколте, но и шлиц во долниот дел. Може да се каже дека самата креација ја разгоре имагинацијата на многумина бидејќи во горниот дел, благодарение на деколтето до папокот, ги откриваше нејзините гради, а длабокиот шлиц во долниот дел ги истакнуваше нејзините витки нозе.
Својот стајлинг го комплетираше со високи потпетици во небесно сина боја, впечатлива шминка во темни тонови, но и едноставна пунџа што ги истакнуваше нејзините природни црти на лицето.

Треба да се напомене дека сопругот на Рита, филмскиот режисер Таика Ваитити, исто така присуствуваше на настанот, и верно го придружуваше прекрасното издание на својата сакана. Тој се одлучи за бело сако и кошула, а целокупниот изглед го комплетираше со црни панталони.






