(Видео) Џорџ Клуни исто така се плаши: „Мојата сопруга ќе го чуе ова, а потоа јас сум мртов“

Џорџ Клуни неодамна се појави во подкастот „Нови височини“ на Тревис и Џејсон Келси, каде што зборуваше за својата актерска кариера и улогата на родител.

Актерот и неговата сопруга, успешната адвокатка за човекови права Амал Клуни, имаат близнаци кои речиси никогаш не ги покажуваат јавно, но често се споменуваат.

Клуни неодамна изјави дека има „среќа што ја добил улогата на татко подоцна од своите врсници“, а сега раскажа анегдота за својата ќерка Ела.

Имено, додека ја возел ќерка си на училиште, друг возач му го прекинал патот во сообраќајот, на што актерот инстинктивно употребил псовка. Само неколку минути подоцна, ја слушнал ќерка си како го повторува секој збор од задното седиште.

Клуни отворено признал дека се плаши дека неговата ќерка повторно ќе го стори тоа пред нејзината мајка, неговата сопруга Амал Клуни. И тоа значи проблеми за него…

„И знаеш дека таа ќе го каже тоа порано или подоцна и жена ми ќе го чуе тоа, а потоа јас сум мртов“, рече тој низ смеа…

Актерот и неговата успешна адвокатка имаат трик за родители што го практикуваат за нивните деца да не го чувствуваат нивното отсуство поради напорна кариера.

„Се обидуваме да го распоредиме така што кога јас работам – таа е дома, а потоа кога таа работи – јас сум дома“, откри познатиот актер.

Scroll to Top