Модата е секогаш толку интересна само затоа што нуди безброј разиграни експерименти на кои никој не може да им одолее. Меѓу познатите убавици кои поставуваат трендови е и Џенифер Лопез, која повторно ја покажа целата моќ на црната боја, во комбинација со сива боја.
Џеј Ло веќе неколку пати „дели“ лекции за мода и секој пат остава без здив.
Кога станува збор за црната боја, нема грешка. Најбезбедниот терен кој нуди по нешто за секого, но ако можете да излезете од калапот и да покажете малку смелост, црната боја ќе ви понуди уште поголема моќ.
Џеј Ло направи нешто такво. Латино дивата објави интересно селфи во огледалото додека позираше во црна кратка јакна која го нагласува струкот и ја комбинираше со сиви панталони. На главата имаше и сива беретка, па сè изгледаше многу посвежо и помодерно од вообичаеното.
Иако се очекуваше дека овој модел на јакна ќе одговара добро со фармерки или барем црни панталони, Џеј.Ло направи храбар чекор напред и ѝ даде на својата облека сосема нов изглед.
Сивата боја изгледа толку елегантно, а сепак ненаметливо, па затоа е идеална за „разбивање“ на монотонијата.






