(Видео) Ќерката на Моника Белучи го привлече вниманието во Париз: „Вистинска убавина“

Дева Касел неодамна присуствуваше на ревијата на Диор што се одржа во рамките на традиционалната Недела на модата во Париз, и ги воодушеви сите присутни, и со својот стил и со природната убавина.

За оваа пригода, таа одлучи да носи комбинација инспирирана од модниот тренд „old money“. Таа блескаше во сина кошула и елек со интересни детали што ги комбинираше со широки беж панталони.

Целата комбинација е потпишана од модниот бренд Диор, а облеката се карактеризира со тивок луксуз и разиграни бои.

Стајлингот го комплетираше со накит од куќата Картие, а што се однесува до косата – од стилистот Џон Нолет побара малку брановидна фризура што ѝ паѓаше по грбот.

Видео од настанот објави нејзината мајка, познатата италијанска дива Моника Белучи, на својот официјален профил на Инстаграм. Бројните комплименти за изгледот на Дева беа, навистина, забележливи.

„Каква мајка, таква ќерка“, „Прекрасна е“, „Идна ѕвезда на модната индустрија“, се само неколку.

Scroll to Top