(Видео) „На овој човек му е потребна помош“: Џастин Бибер настапи речиси гол на Греми наградите

Џастин Бибер предизвика возбуда со својот настап на доделувањето на Греми наградите во неделата вечерта. Тој се појави на сцената без маица за прв пат по четири години – носејќи само боксерки.

31-годишниот пејач ја изведе својата песна „Yukon“. За време на емотивниот настап, кој го посвети на својата сопруга, камерите повеќе пати ја фатија Хејли Бибер во публиката како се смешка и го бодри, објавува „Дејли меил“.

Сепак, неговиот избор на облека – или поточно недостатокот од неа – ги засени сите други работи. Социјалните медиуми беа целосно поделени: некои ја пофалија неговата ранливост и пристапот кон настапот, додека други се прашуваа зошто се појави на доделувањето на наградите речиси гол.

„Каква прекрасна и ранлива изведба“, напиша еден обожавател, додека друг се пошегува: „Тој само стои таму во долна облека и чорапи…“

Некои беа многу поостри. „Џастин, ова е Греми, а не плажа… толку срамно“, рече еден коментар. „Каде му е кошулата?“ праша друг, додека трет додаде: „Дали се облече вака за Греми? Ужасно е.“

Наместо да се потсмеваат и критикуваат, дел од публиката изразија загриженост. „Ова е всушност тажно. Еден човек вика за помош и никој не забележува“, напиша еден корисник.

Scroll to Top