(Видео) „Облечена“, но како: Најскандалозното издание на познатата Германка?

Познатата германска манекенка, Хајди Клум (52), присуствуваше на доделувањето на Греми наградите и уште еднаш покажа дека за неа нема граници кога станува збор за провокација.

Хајди обожава да привлекува внимание со голи модни изданија, а е доста смела и на социјалните мрежи каде што нејзините обожаватели често можат да уживаат во провокативни топлес изданија на познатата Германка, но овој пат се одлучи за фустан.

Фустанот од латекс воопшто не беше толку обичен како што можеби мислите кога ќе слушнете од каков материјал е направен. Хајди се погрижи нејзиниот модел да биде главна ѕвезда на вечерта.

Благодарение на деталите што ја следат линијата на телото и дополнително ги нагласуваат облините, моделот наликуваше на вистинска скулптура.

Овој модел наликуваше на дополнителен слој кожа, а Хајди сè комбинираше со беж чевли и нејзината препознатлива брановидна коса. Шминката не беше „агресивна“, кафеавата сенка за очи и природната нијанса на кармин беа совршен избор и сосема доволни за сите да ја запомнат.

Хајди покажа извесна модна храброст, но благодарение на овој фустан, некои дури ја вклучија и на листата на најлошо облечени дами, пишува Дејли Меил.

Многумина очекуваа дека оваа година ќе биде придружувана од нејзиното долгогодишно момче, Том Каулиц, но Хајди сепак дојде сама, и тоа едвај, бидејќи фустанот беше направен на таков начин што секое движење во него беше ограничено.

Scroll to Top