Ѕвездата на ријалити-шоуата Ким Кардашијан (45) наводно почнала да се забавува со возачот на Формула 1, Луис Хамилтон (41), а двојката веќе го поминала викендот во странство, објавува „The Sun“.
Ким наводно долетала со приватен авион за да го помине викендот со Хамилтон, а на неоткриена локација во Англија уживале во масажа на парот и приватна вечера, додека биле чувани од телохранители.
„Сè изгледало многу романтично. Ким и Луис искористиле сè што им било понудено. Ким имала двајца телохранители, додека тој имал само еден. Тие резервирале соба за масажа и уживале во неа“, рекол изворот, објавува „The Sun“.

Дека сè било чувано во најголема тајност сведочи и фактот што Ким не објавила ништо на социјалните мрежи, а се знае колку сака да се фали и да споделува секојдневни снимки од нејзиниот приватен живот.
Сè уште нема фотографии или официјална потврда за нивната врска, но странските медиуми тврдат дека изворите се добро информирани и дека е само прашање на време кога нивната врска ќе стане јавна.
Ким Кардашијан и Луис Хамилтон се познаваат долго време, а тој дури беше близок и со нејзиниот поранешен сопруг, Канје Вест.






