Српската пејачка Милица Тодоровиќ се породи во Белград, објави Телеграф.
Милица Тодоровиќ роди здраво машко бебе, чие име сè уште не е достапно за јавноста. Според Телеграф, новата мајка и бебето се чувствуваат добро, а породувањето се случило во приватна клиника во Белград.
Милица Тодоровиќ долго време сонува за мајчинство, а во една прилика извор за гореспоменатиот медиум го изјави следново:
„Таа го оствари својот најголем сон, многу е среќна. Целосно се повлече од сè. Ужива во тоа“, изјавил изворот за Телеграф.






