Адријана Лима се смета за една од најубавите жени во светот. Нејзината убавина и заводлив поглед ги освоија луѓето ширум светот, особено познатите дизајнери и модни куќи за кои таа е вечна инспирација и муза.
Често ја гледаме во гламурозни стајлинзи кои привлекуваат воздишки и погледи, но многу ретко во лежерни комбинации. Сепак, сега таа одлучи да нè изненади сите и да ни покаже сосема природен изглед.
Адријана Лима неодамна беше фотографирана на аеродромот во Буенос Аирес, а ги пречека фотографите на странските медиуми со широка насмевка. Познатата Бразилка носеше лежерна комбинација за оваа пригода – широки фармерки и најобична бела маица, кои ја истакнуваа нејзината фигура слична на модел.
Додаде црни очила за да го скрие погледот од љубопитните фотографи, но оваа намера не успеа. Косата ја стилизираше на наједноставен начин – се одлучи за ниска пунџа која го откриваше нејзиното лице.
New : Adriana Lima at the airport in Buenos Aires pic.twitter.com/HysmUyZs9U
— Victoria’s Secret Actu (@vsactu) February 7, 2026
Со овој изглед, Лима докажа дека не ѝ треба скапа шминка или апликации за убавина за да изгледа беспрекорно.
Затоа, меѓу другото, таа е најбараниот ангел на „Викторијас Сикрет“!






