Педро Паскал моментално е тема на светските медиуми. Популарниот актер, но и омилен кај жените, неодамна беше фотографиран во сосема обична прошетка во Њујорк, но вниманието на јавноста го привлече друго лице – човекот кој му правеше друштво.
Според медиумите, станува збор за извесен директор на хотелски синџир во Флорида и Аргентина, чие име е Рафаел Олара.
Фотографите ги „фатија“ додека тие се држеа за раце, а набргу потоа се појави фотографија каде Рафа го прегрнува Педро. Се чини дека овој момент ја разбранува јавноста, а сега сите се прашуваат – каква е природата на нивната врска, дали можеби се во романтична врска?
Pedro Pascal and Rafael Olarra were spotted linking arms in New York over the weekend 👀 https://t.co/CwxoFeUitm pic.twitter.com/FEe0hz6g7q
— TMZ (@TMZ) February 16, 2026
Фотографиите се проширија како пожар низ мрежите, а веднаш започнаа низа шпекулации. Многумина почнаа да шпекулираат дека ова е нешто што ги надминало пријателските граници.
Педро и неговиот пријател не коментираа јавно за овие фотографии, па сè уште чекаме одговор. Во меѓувреме, вреди да се потсетиме на некои минати настани.
Олара претходно беше поврзуван со актерот Лук Еванс, што дополнително ги поттикна разговорите за потенцијална романса. Педро го држи својот приватен живот подалеку од очите на јавноста, па затоа ова е првата „информација“ за неговиот „љубовен статус“.






