Актерката Софи Тарнер се здоби со слава со улогата на Санса Старк во серијата „Игра на тронови“, а имаше само 13 години кога започна снимањето. Се чини дека „времето лета“, а познатата Санса, или поточно, Кралицата на Северот, сега го прослави својот 30-ти роденден.
Таа објави компилација фотографии од гламурозната прослава на Инстаграм, а привлече внимание со својата комбинација на облека.
„Значи, ова е 30… Мислам дека досега ми се допаѓа“, напиша таа во описот на објавата.
Софи за оваа пригода избра „гола“ облека, моделот „Irina Halter Dress“ од брендот Retrofête. Необичната креација е направена од кристали, а отворениот грб е исто така забележлив.
Фустанот ја истакна нејзината витка фигура, но и природната убавина што ја краси уште од самиот почеток на нејзината актерска кариера.
Комбинацијата ја надополни со висечки кристални обетки, блескава чанта и сребрени сандали. Косата ја стилизираше на наједноставен начин – одлучувајќи се за меки бранови што паѓаа по рамената.






