Една од најубавите холивудски актерки, Марго Роби, одлучи да направи радикален потег кога е во прашање нејзиниот имиџ. Таа ја замени долгата руса коса на која сме навикнати со кратка трендовска фризура, а тоа е популарната боб фризура со шишки.
Таа ја покажа својата нова фризура на Неделата на модата во Париз, кога се појави на ревијата на Шанел за есен/зима 2026/2027.
Се чини дека дефинитивно се збогува со долгата коса, барем засега, и дека сега ќе ја гледаме со права коса над рамената. Ја задржа својата препознатлива руса боја прошарана со златни прамени, а шишките лежерно ги префрли настрана.
Беше во едноставна комбинација; бела проѕирна маичка што нежно паѓаше по телото, а ја комбинираше со широки, полесни фармерки чии ногавици паѓаат преку чевлите и кои ќе продолжат да владеат на модната сцена во наредните месеци.
Носеше чанта и шал како модни додатоци, а дојде без речиси никаков накит – само со мали обетки што беа откриени поради нејзината нова фризура. Интересно е што нејзините нокти беа исто така сосема природни, кратки и без боја.
Шминката го надополни целото лежерно издание во кое Марго Роби повторно блесна, а имајќи ја предвид нејзината фигура и природна убавина, ќе се согласите дека оваа фризура, како и сите претходни, совршено ѝ стои.






