Актерката Дакота Џонсон, ѕвезда на филмот „Педесет нијанси сиво“, неодамна позираше само во фармерки за новата кампања за брендот Calvin Klein. Како заштитно лице на пролетната кампања на престижниот бренд, таа повторно застана пред камерите и покажа серија уште похрабри, попровокативни изданија.
Кампањата е заснована на филозофијата „помалку е повеќе“, а фотографиите се направени во опуштена атмосфера, како и претходните.
Овој пат, Дакота позираше во долна облека на познатиот бренд, но – само во градник, без гаќички. Таа вешто го покри својот интимен дел, а со овие фотографии буквално кажа дека помалку е повеќе, особено затоа што самата сака да има што е можно помалку облека на себе.
„Во центарот на приказната е јасен став: живеј самоуверено“, велат од брендот, според USA Today.
„Фармерките и долната облека на Calvin Klein имаат безвременски квалитет што прави сè да изгледа како што треба во моментот кога ќе ги облечете“, рече Дакота. „Кога жената е сама дома, работи, чита или прави што и да е, тоа може да биде доста ослободувачко и сензуално“.
@calvinklein Icon status. Dakota Johnson wears new denim and underwear this spring.
„Ми се допаѓа што оваа кампања ги слави удобноста, слободата и сексапилот на свој начин“, заклучи таа. „Понекогаш најсексапилната работа е едноставно да се биде жена.“






