Едо Маајка објави нов албум „I Like to Dance“ во соработка со џез оркестарот на ХРТ

Едо Маајка објави нов албум насловен „I Like to Dance“ .

Албумот „I Like to Dance“ е создаден како резултат на соработката меѓу раперот Едо Маајка и џез оркестарот на ХРТ. Снимен е и миксуван минатата година во студијата на Хрватската радиотелевизија, и е проект кој се смета за една од најимпресивните музички соработки на регионалната сцена во последните неколку години.

Ова издание е музички проект кој ги брише границите меѓу жанровите. Амбициозен во однос на продукцијата, албумот носи поинаков звук во кој енергијата на рапот е комбинирана со богати оркестарски аранжмани.

На албумот има вкупно 13 песни. Музиката е од Мирсад Далипи, Един Осмиќ, Марио Рашиќ, Тони Старешениќ и Јоги Лонич, додека текстот е напишан од Едо Маајка. Аранжманите се на Бруна Матиќ.

 

Џез оркестарот на ХРТ, ансамбл со долга традиција и се смета за еден од најдобрите оркестри во регионот, преку овој проект покажува како хип-хопот може да постигне силен концертен звук, а воедно да ја задржи својата автентичност и енергија.

Соработката помеѓу Едо Маајка и оркестарот се развиваше постепено, од првите заеднички настапи до студиската работа што на крајот резултираше со овој албум. Со диригентот Мирон Хаузер, оркестарот носи прецизност, динамика и богатство на звук што ги трансформира песните на Едо во силна оркестарска целина. Албумот е достапен на сите стриминг услуги.

фото/Инстаграм

Scroll to Top