„Исчезна“ на девет години, а сега со најубавата фотографија ја прекина тишината: „Убавице, недостигаше“

Актерката Сиена Милер (44) последен пат објави фотографија на Инстаграм во 2017 година. Деветгодишна тишина ја прекина со својата најубава објава досега – онаа на која го покажува својот труднички стомак.

За оваа пригода, таа не се обиде да покаже гламур, туку секојдневието на една бремена жена, и направи селфи одоздола, така што нејзиниот стомак беше во преден план. Набрзо, почнаа да се слеваат коментари за добредојде, а луѓето ѝ порачаа дека чекањето вредеше.

Сиена очекува дете со својот партнер, Оли Грин, кој е 15 години помлад, а неодамна зборуваше за големата разлика во годините, како и за сите непријатни коментари упатени кон жените во слични ситуации.

„Убавице, недостигаше“, напишаа нејзините следбеници.

Двојката веќе има двегодишна ќерка, додека Сиена има уште една ќерка од претходната врска со Том Стариџ.

„Идејата за постара жена со помлад маж е сè уште фетишизирана, наместо да биде сосема нормална појава“, рече Сиена претходно.

Scroll to Top