Младата водителка Нора Шахинпашиќ, од Босна и Херцеговина, стана вистинска сензација и главна тема на социјалните мрежи поради нејзиниот атрактивен изглед и сличност со познатата манекенка Адријана Лима.
Нора ја води временската прогноза, а интересно е што и нејзините родители се занимавале со новинарство.
@maibagainhotbabes2x Norma Sahinpasic 😳 #NoraSahinpasic #SexyWeather #TightShirt #TightBlouse #SlitSkirt #WhiteMiniSkirt #Bosnia #WOW ♬ Duke Nukem – Megadeth
Во големо интервју за Net.hr, Нора откри некои детали за себе, а покрај работата како водителка, таа е и студентка по право.
„Мојот интерес за телевизијата започна кога бев мала, но сè стана сериозно пред првата година на факултет. Беше голем шок бидејќи сè уште бев дете, но тоа искуство ме натера да пораснам и мислам дека тој момент ме обликуваше“, изјави таа за Net.hr.
Босанската Адријана Лима
Поради нејзиниот атрактивен изглед и убавина, веќе ја нарекуваат босанската Адријана Лима, а Нора и за тоа коментираше.
„Морам да признаам дека е навистина убаво да се чуе. Ја следам уште од дете и ја сметам за една од најубавите жени на светот, па затоа е навистина посебно чувство кога некој ќе те спореди со неа“, истакна Нора.






