Игор Џамбазов предупреди за интернет криминал: Не, не сум ослабен 20 килограми, немам од тие таблети, чаеви, масти

Игор Џамбазов, актер, музичар и шоумен, преку социјалните мрежи информираше за интернет криминал.

„Не, не сум ослабен 20 килограми. Не, немам од тие таблети, чаеви, масти, што и да се. И не, не познавам никаква докторка Елизабета, а уште помалку со неа сум договарал било што околу користење на мојот лик, дело, а во овој случај и тело, за некаква реклама.

Ова видео, и уште многу други глупости на оваа тема веќе десет дена се појавуваат на Фејсбук. Ги пријавуваме, ги снемува, и после само неколку часа, повторно се појавуваат. Ова ви е класичен интернет криминал. И затоа адвокатите веќе работат, и наскоро ќе ги дознаеме овие бесчувствителни, криминогени суштества кои профитираат од туѓата мака“, напиша Игор Џамбазов.

„Ви доаѓа крајот, да знаете… И скапо ќе го платите ова“, додаде Џамбазов.

Scroll to Top