(Фото) Актерот по кого жените беа луди призна што направил: „Еднаш и никогаш повеќе“

Актерот Џеси Меткалф, згодниот градинар кого го паметиме од серијата „Очајни домаќинки“ како љубовник на палавата Габриела, или Ева Лонгорија, откри дека има една козметичка процедура на која се подложил, но дека никогаш повеќе нема да ја направи.

Жените низ целиот свет се луди по него, па дури и денес, на 47 години, тој изгледа подеднакво заводливо и шармантно, па затоа многу дами се согласуваат дека тој не треба да менува ништо на себе. Сепак, тој пробал ботокс и се покајал.

„Еднаш ставив малку ботокс на челото. Се вратив дома, веѓите ми беа нерамни и си помислив: „Никогаш повеќе нема да го правам ова“, рече тој во интервју за Дејли Меил.

„Немам ништо против ваквите неинвазивни процедури, но не сакам никогаш да одам под нож“, додаде тој.

Иако не ги отфрла пластичните операции и козметичките процедури, се надева дека ќе го одржи својот младешки изглед природно што е можно подолго.

„Сакам да направам сè што можам за да ја зачувам еластичноста на мојата кожа пред дури и да почнам да размислувам за тоа“, е искрен Џеси.

Тој исто така сподели со јавноста дека неговиот младешки изглед честопати „пречи“ во неговата актерска кариера, бидејќи не добива позрели улоги како неговите колеги на негова возраст.

„Значи, заглавен сум некаде помеѓу, во овој чуден простор каде што не изгледам на мои години“, забележа тој, но…

„Без оглед на тоа, имав многу среќа во оваа индустрија и мислам дека луѓето ми веруваат кога станува збор за убавина и нега на кожата, бидејќи гледаат дека изгледам помладо отколку што сум“, вели Џеси Меткалф.

Scroll to Top