Први фотографии од Милица Тодоровиќ со синот: Пејачката силно го прегрнува Богдан

Српската пејачка Милица Тодоровиќ се повлече од јавноста по породувањето и се обидува да ужива во првите месеци со својот син, Богдан.

Милица сега отиде со својот наследник во родниот Крушевац, каде што ќе го прослави Велигден со своето семејство, објави Ало.рс.

Тие уживаа во дворот на семејната куќа, а гордата мајка цврсто го прегрна своето новороденче, насмевнувајќи се кон камерата.

Ова е првпат пејачката јавно да го покаже малиот Богдан.

Scroll to Top