Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денес заедно со претставници од Министерството учествуваше во големата еколошка акција „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2026“, која се реализираше на кејот на Вардар.
Во рамки на акцијата, тимот на Министерството, под мотото „Тим Енергија“, се вклучи во чистење на потегот од Лепенец до мостот „Киро Глигоров“, испраќајќи порака за поголема еколошка свест, одговорност и заедничка акција.
„Од зборови — на дело. Од енергија — во акција. Чистата иднина не се чека, таа се создава“, порача Божиновска.
Од Министерството истакнаа дека вистинската промена започнува кога институциите активно се вклучуваат и работат рамо до рамо со граѓаните, додавајќи дека енергијата на една држава не е само во системите и капацитетите, туку и во луѓето подготвени да направат разлика.
Акцијата беше организирана со цел за почист Вардар, позелено Скопје и подигнување на јавната свест за заштита на животната средина.






