Прилепски Комуналец во акција: заменети оштетените клупи во населбата Точила

Во прилепската населба Точила во тек се активности за санација на оштетените клупи, каде Јавното комунално претпријатие ЈКП Комуналец Прилеп ги заменува искршените и откорнати штафни на објектите поставени за одмор и релаксација на граѓаните.

Од претпријатието информираат дека интервенциите се изведуваат на повеќе локации во населбата, со цел да се врати функционалноста и безбедноста на јавниот урбан мобилијар.

Воедно, упатен е апел до граѓаните да внимаваат и одговорно да се однесуваат кон комуналната инфраструктура, која е наменета за сите жители и придонесува за поквалитетен урбан живот во населбата Точила.

Scroll to Top