Стотици битолчани во заедничка мисија за чиста животна средина на „Генералка Викенд“

И во Општина Битола се реализираше една од најмасовните акции во државата „Генералка Викенд“.

Вклучени беа основни и средни училишта, градинки, здруженија, културно уметничко друштво, средношколски дом, а се чистеа и 12 локации, односно диви депонии, од страна на јавното претпријатие „Комуналец“.

Главна цел беше отстранување на отпадот од јавните површини, парковите и дивите депонии во градот и околината.
Но, целта на „Генералка викенд“ не е само собирање на отпадот, туку нешто многу подолготрајно како што е и поддршка на процесот на селекција и рециклирање.

Во акцијата учествуваа: ОУ „Св.Климент Охридски“, ОУ „Гоце Делчев“, ОУ „Елпида Караманди“, ОУ „Даме Груев“, ОУ „Св. Кирил и Методиј“, ОУ „Коле Канински“ и подрачните училишта во Буковски ливади и Буково, ОУ „Д-р Трифун Пановски“, гимназијата „Јосип Броз Тито“, економското средно училиште „Јане Сандански“ и земјоделското „Кузман Шапкарев“, потоа КУД „Илинден“, градинките „Естеја Овадија Мара“, средношколскиот дом „Мирка Гинова“ и Здружението на пензионери.

Scroll to Top