ЈКП „Комуналец“ – Прилеп информира дека привршува косењето на зелените површини во делот на Градска Река, а од утре започнува и второто косење на Новите градски гробишта со дополнително ангажирана екипа косачи.

Од претпријатието посочуваат дека изминатиот период врнежливото време и загубените работни часови значително влијаеле врз динамиката на теренските активности, а дополнителен предизвик претставува и забрзаната вегетација поради временските услови.

Сепак, од ЈКП „Комуналец“ уверуваат дека Градските гробишта ќе бидат целосно искосени и уредени во наредниот период.

Претпријатието продолжува со активности за одржување на јавните зелени површини и уредување на повеќе локации низ Прилеп.







